Српскиот претседател Вучиќ се вакцинираше против ковид-19
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска беше вакциниран против ковид-19 во Рудна глава, кај Мајданпек, на истокот на Србија.
Вучиќ ја прими кинеската вакцина „Синофарм“ во Здравствената станица Рудна глава во Здравствениот дом „Д-р Вероjуб Цакиќ“ во Мајданпек, а за три недели ќе биде повторно вакциниран.
„Ја примив вакцината и се чувствувам одлично. Ви благодариме на нашите прекрасни здравствени работници за сè што прават за нашиот народ и Србија. Благодарам на нашите браќа Кинези“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил и апелираше до граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, со цел што побрзо да се вратат во нормален живот.
Србија до мај ќе произведе три серии на вакцината „Спутник V“
Вучиќ рече дека веќе биле ревакцинирани милион луѓе и потсети дека претходно рече дека тој вакцината ќе ја прими само кога ќе се вакцинираат толку многу граѓани во Србија.