Починати 37 луѓе од ковид-19 и нови 301 новозаразени
Во изминативе 24 часа се евидентирани 37 починати од последици од коронавирусот и 301 нови случаи на заразени со ковид-19 од вкупно 1431 направени тестови. Според податоците од Институтот за јавно здравје најголем број на нови случаи се забележани во Скопје, вкупно 174, потоа во Кавадарци -17 и Велес -16. Најмладите починати од последиците на ковид-19 имале 36 години 37, 42 и 43 години, додека најстариот починат имал 90 години.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најголем број на активни случаи има во Скопје вкупно 10 319 активни случаи на заболени. потоа во Прилеп активни се 1 099 и во Куманово активни се 1 047 случаи.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20 802.