Пендаровски: Заштитата на македонскиот јазик е обврска за сите
Заштита на македонскиот јазик е должност не само на тие што им е мајчин јазик, туку и на сите што го користат. Обединети сме за зачувување на македонскиот јазик. Неговата заштита е должност на државата во време кога се соочуваме со негирање на македонскиот јазик. Но, многу ме радува тоа што натре во државата сме согласни дека мораме да го зачуваме македонскиот јазик јазик, рече претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на поштенската марка со ликот на Блаже Конески.
Врховниот командант Пендаровски ја врати војската на границата
Одговарајќи на новинарско прашање, претседателот Пендаровски рече дека го чека својот ред за вакцинација и дека не спаѓа во приоротетните групи.
„Не треба да имате сомнеж за вакцините. Нашите граѓани ќе се вакцинираат со истите вакцини како во европските земји. Нема лоши вакцини и затоа сметам дека нема потреба да се бира со која вакцина ќе се вакцинирате“, рече Пендаровски.