Во Македонија уште 862 новозаразени, починати 14 лица
Здравствените власти вечерва соопштија дека рекордни нови 862 случаи на заразени со Ковид-19 регистрира Институтот за јавно здравје, од кои најмногу се од Скопје - 390 лица.
Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77 години), еден од Прилеп (54 години), еден од Тетово (88 години), еден од Струга (66години), еден пациент од Велес (78 години), еден од Битола (76), двајца пациенти од Струмица (63 и 68), еден од Радовиш (66) и еден пациент од Ресен на 83-годишна возраст.
Корона плус сезонски грип - следните недели нема да биде полесно
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587 .