123ru.net
World News in Macedonian
Октябрь
2020

Новости за 16.10.2020

Од 2306 тестирања, 438 новозаразени со корона, шест лица починаа

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Најмногу од новозаразените се во Скопје-200, а двоцифрени бројки инфицирани има во Струмица 30, Тетово 27, Куманово 21, Битола 18, Штип 17, Охрид 16, Кочани 15, Прилеп 13 и Гевгелија 10. Предлози за нови мерки: Работно време до 23, забрана за настани... Во болнички услови починати се шест лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г). Читать дальше...

Во Косово 104 новозаразени со корона, две лица починаа

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа во Косово од 889 тестови регистрирани се 104 позитивни на ковид19, а две лица починаа, соопшти Институтот за национално здравје. Од почетокот на пандемијата досега во Косово се регистрирани 16 606 позитивни на коронавирусот, а починаа 652 лица. Бројот на активни случаи е 1393. Владата на Косово најави дека ако се зголемува бројот на новозаразени ќе дојде до заострување на мерките за да се спречи ширењето на вирусот.

Македонско-бугарска комисија - нема договор, но има надеж

SlobodnaEvropa.mk 

Нема договор за револуционерот Гоце Делчев, има мали поместувања за учебниците, а договорена е уште една средба до крајот на годинава и пет следната година, информираа копретседавачите на мешовита комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија Драги Ѓорѓиев и Ангел Димитров.



Од 1402 теста, 289 заразени со корона во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Нов негативен рекорд од 289 новозразени со Ковид-19 е регистриран во Албанија во последното деноноќие, што е за 32 случаја повеќе во споредба со вчера или 90 со бројката од пред два дена. „Оваа бројка е добиена од тестрани 1.402 сомнителни случаи, што значи дека 20 отсто од тестираните се позитивни на опасниот вирус. Во изминатите 24 часа починаа четири лица во болнички услови, додека во списокот на оздравени се внесени уште 93 лица“, информираа од Министертвото за здравство и социјална заштита. Читать дальше...

Изетбеговиќ позитивен на ковид19

SlobodnaEvropa.mk 

Првиот заменик на претседавачот со народниот дом на парламентот на Босна и Херцеговина и претседател на Партијата на демократска акција Бакир Изетбеговиќ е позитивен на коронавирус, потврдија за Радио Слободна Европа од неговата партија. Од таму додаваат дека тој се чувствува добро и се наоѓа дома.

Путин предложи продолжување на договорот за разоружување со САД

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување од една година на билатералниот договор за нуклеарно разоружување со Соединетите Американски Држави без предуслови со што ќе се овозможи тој да не заврши во почетокот на идната година и ќе се овозможи да заживеат разговорите за неговото продолжување. Путин исто така му дал инструкции на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на постојаните земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој треба да се одржи денеска... Читать дальше...

Борисов од Брисел- со Меркел го поддржуваме патот на Западен Балкан кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук објави дека тој и германската канцеларка Ангела Меркел ги поддржуваат земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ. „Бугарија активно ќе продолжи да работи во таа насока за време на нашето заедничко претседавање со Република Северна Македонија во Берлинскиот процес. Ги ценам напорите на германското претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање најсоодветни решенија за заштита на здравјето на сите европски граѓани, како и на економскиот живот“, наведува Борисов на својот фејсбук-профил. Читать дальше...

Радев- не може да се прават компромиси со историја, идентитет и јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Треба да се најде политичко решение, но не може да се прават компромиси со историјата и јазикот или со барања за национални малцинства, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во врска со недоразбирањата меѓу Софија и Скопје и очекувањата од средбата на заедничката комисија за историски и образовни прашања. „Членовите на бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е... Читать дальше...



Косово ќе забрани употреба на 5Г уреди од недоверливи продавачи

SlobodnaEvropa.mk 

Kосово ќе ја забрани употребата на 57-уреди набавени од недоверливи продавачи, а таму каде што е можно веќе да има такви уреди надлежните институции ќе се ангажираат за нивно отстранување, јави МИА од Приштина. Оваа одлука, според соопштението од владината служба за информирање, на претставниците на Регулаторниот авторитет за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП) денеска им ја соопшти премиерот Авдулах Хоти. Приштинските медиуми наведуваат дека со ова Косово ја исполнува обврската преземена... Читать дальше...

Драган Тодоровски со фотографии кои „зборуваат“ за Норвешка во Куманово

SlobodnaEvropa.mk 

„Фото белешки од Норвешка“ е насловена изложбата на уметничка фотографија на Драган Тодоровски, што од 15 октомври и во наредните десет дена се одржува во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Вицепремиерот Николовски ќе бара смена на Димова ако таа не си поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, вели вицепремиерот вицепремиерот Љупчо Николовски во објава на неговиот официјален профил на Фејсбук. Не е само Еразмус, истраги и за други малверзации со европските пари Димова, директорката на Националната агенција за европски програми, е во центарот на... Читать дальше...

Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски во изолација, одложено судењето за „27 април“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието, се одложува на 28 октомври поради отсуство на обвинетиот Спиро Ристовски, кој е во самоизолација, поради корона вирусот. Бранителот на Спиро Ристовски, до судот доставил известување дека обвинетиот ќе биде во самоизолација до 21 октомври. Првообвинетиот Трајко Ваљановски, исто така, има решение за самоизолација до 22 октомври. На денешното рочиште, требаше да бидат сослушани повеќе сведоци, предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

Предлози за нови мерки: Работно време до 23, забрана за настани...

SlobodnaEvropa.mk 

Работно време на економските оператори во 23 часот, редуцирање на јавен превоз до 50 отсто и целосна забрана на секакви настани, се дел од мерките на Комисијата за заразни болести кои ќе ги предложи до Владата во понеделник. Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција кажа дека новите мерки се општи и ќе опфатат повеќе сегменти за спречување на пренесување на вирусот, бидејќи, како што рече, се зголемува бројот на заразени и има пациенти кои не знаат каде се заразени. Читать дальше...

Три препораки за борба против корупцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Во извештајот за напредокот на земјата кон ЕУ се наведени 3 препораки на кои ќе треба да се посвети државата во борбата против корупцијата во наредната година. Оценката е дека Северна Македонија има одредено ниво на подготовка или умерено е подготвена во превенцијата и борбата против корупцијата.

Русија ја стави Циханускаја на потерница

SlobodnaEvropa.mk 

Русија вели дека го ставила белоруската опозициска лидерка, Светлана  Цихануаскаја, на потерница, во согласност со регионалните договори, откако Белорусија го направи истото тврдејќи дека таа повикала на уривање на уставниот поредок во земјата. Руските медиуми денеска го цитираа руското Министерство за внатрешни работи како потврда на потегот, направен како дел од Државата унија Русија - Белорусија. Циханускаја го повика Лукашенко да се повлече од функцијата Извештајот доаѓа три дена откако... Читать дальше...

Заев: Ако дојде до блокада од Бугарија, тогаш ќе го кажам одговорот

SlobodnaEvropa.mk 

Откако сум премиер, досега никогаш не сме размислувале за план Б. Опцијата е планот А. Низ трпение, меѓусебно почитување и разбирање да се изнајдат решенија. Тие решенија не мора да се најдат денеска, изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за состанокот на Мешовитата експертска комисија која одржува состанок во Скопје. „Вчера имаа позитивен ден, ќе објават на прес-конференција за тоа до каде се работите. Ние сме меѓусебно историски поврзани како регион и таа врска од минатото треба да нѐ направи пријатели... Читать дальше...

Во Србија сите ќе мора да носат заштитни маски и на отворено

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот Кризен штаб за борба против новиот коронавирус денеска одлучи да воведе обврска сите граѓани да носат маски на отворен простор и забрани специјални собири на повеќе од 30 лица. Во изјава за медиумите, по седницата на Кризниот штаб, д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, нагласи дека сегашната епидемиолошка состојба во државата е таква што расте бројот на пациенти со корона. „Заштитните маски треба да ги носат сите. Постојано и во секоја можност и на отворен простор. И тоа е мерка што стапува во сила веднаш“, изјави Кисиќ Тепавчевиќ. Читать дальше...

Причини за високата смртност од Ковид-19 во С.Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Според анализите на епидемиолозите 23 проценти од хоспитализираните пациенти починале во болница од ковид-19. Од Инфективната клиника велат дека висок процент на починатите во таа институција имале најмалку два коморбидитета и дошле покасно од 10 дена од почетокот на симптомите.

Огромните разлики меѓу Трамп и Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот предизвикувач на изборите на 3 ноември, поранешниот потпретседател Џо Бајден, одговораа на прашања во одделни настапи, откако беше откажана нивната дебата.


Музыкальные новости
Баста

В процессе выпуска альбомов рэпер Баста решил сделать перерыв





Персональные новости
ТНТ

Артем Быстров спасает родной город под хиты «Землян» и «Самоцветов»: телеканал ТНТ покажет комедийный сериал Okko «Очевидное невероятное» по рассказам Кира Булычева





Трамп и Бајден на одделни телевизиски настапи

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговиот предизвикувач на изборите на 3 ноември, поранешниот потпретседател Џо Бајден, одговораа на прашања во одделни интервјуа, откако беше откажана нивната дебата. Трамп одговараше на прашања еден час од Мајами, во Флорида, додека Бајден беше во Филаделфија, Пенсилванија. Трамп, кој ретко носи маска цитираше студија која вели дека луѓето што носат маски „цело време фаќаат ковид-19“, коментар што не одговара на советите на американските здравствени власти за носење маски. Читать дальше...

Македонско бугарска комисија - напред или назад?

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Скопје втор ден се одржува средбата на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања од која нема детали за текот на разговорите. Политичарите пак ги охрабрија да ги усогласат ставовите.

Еврокомесарот Вархеји веќе не е во самоизолација

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека веќе не е во самоизолација затоа што вчера добил негативен резултат од последниот тест за коронавирусот. „Веќе не сум во самоизолација и продолжувам со своите активности, целосно почитувајќи ги упатствата за здравјето", напиша тој на Твитер. Вархеји во неделата објави дека оди во самоизолација додека чекал резултат од тестот, откако член на неговиот тим имал позитивен тест. Вархеји: Западен Балкан го гледаме како дел од Европа Во минатата недела... Читать дальше...

Џонсон ќе го претстави британскиот пристап за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот британски преговарач за Брегзит Дејвид Фрост изјави дека е разочаран од заклучоците на Европската унија за состојбата со преговорите и најави дека премиерот Борис Џонсон денеска ќе го претстави својот пристап. Европската унија вчера и ја префрли одговорноста на Британија во врска со изнаоѓањето компромис за нивното ново економско партнерство. Барние: Британија ги отфрла сите нови одложувања на Брегзит „Разочаран сум од заклучоците на ЕУ за преговорите“, напиша Фрост на Твитер, додавајќи... Читать дальше...

Франција и Германија и порачуваат на Турција да не провоцира

SlobodnaEvropa.mk 

Франција и Германија ја обвинија Турција дека продолжува да ја провоцира Европската унија со своите активности во источен Медитеран и ја повикаа да ги разјасни своите позиции во следните недели. И покрај договорот за самитот на ЕУ на 2 октомври, чија цел е да се убеди Анкара да престане да истражува природен гас во водите што ги спорат Грција и Кипар, Турција во средата соопшти дека ги рестартира операциите за истражување. Ердоган им се закани на Грција и Кипар со „одговор каков што заслужуваат“... Читать дальше...

Вучиќ: Договорено е да продолжи дијалогот со Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на состанокот со специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ја изразил целосната посветеност на Белград за продолжување на дијалогот со Приштина, но исто така инсистирал на целосна имплементација на договорот од Брисел од 2013 година и формирање на Заедницата на српски општини. „Тоа е услов без кој не може да се очекува успешно продолжување на дијалогот“, рече претседателот на Србија на прес конференцијата по состанокот со Лајчак во Белград. Вучиќ... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

«Гонка Героев» открывает сезон при поддержке ENERGY


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Рыбакина о смене гражданства: «Я никому ничего не доказываю. В меня поверил Казахстан, чему я очень рада»


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге: "Акции по благоустройству способствуют формированию экологической культуры среди молодежи"  





Путин в России и мире
Москва

Элла Памфилова вручила Владимиру Путину удостоверение об избрании Президентом РФ


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко подписал указ по реализации до 2028 года нового проекта с РФ в сфере космоса




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Зеленского выпороли ультиматумом: США жестко ответили на наглость и поучения Киева


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Шапка

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)



Москва

Супружеская пара из Москвы заставляла 12-летнюю девочку снимать интимные видео

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net