За 24 часа 879 пријави за неносење заштитна маска за лице
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 879 прекршоци, соопшти Министерството за внатрепни работи (МВР).
Од денеска задолжително со маска на лице и на отворено
МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Од денеска во сила е и задолжителното носење заштитни маски за лице и на отворено.