Помпео: Комунистичката партија на Кина е предатор
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска, за време на неговата посета на Шри ланка, изјави дека Кинеската комунистичка партија и донела „лоши договори“ на Шри Ланка, пренесе новинската агенција Ројтерс.
„Од лошите зделки, кршењето на суверенитетот и беззаконието на копно и море гледаме дека Кинеската комунистичка партија е предатор, а Соединетите држави доаѓаат на поинаков начин, ние доаѓаме како пријател и како партнер“, рече Помпео на прес-конференцијата во главниот град Коломбо.
Помпео е во Шри Ланка, како дел од неговата четиридневна турнеја во Азија, чија цел е зајакнување на односите со сојузниците, јави Ројтерс.