ВМРО-ДПМНЕ утре на протест поради загадениот воздух
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утревечер во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово поради загадениот воздух. Во најавното соопштение за протестите партијата наведува дека наместо политиканство од страна на Владата потребни се одлуки.
„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, се наведува во соопштението.