За 24 часа 777 пријави за неносење заштитна маска за лице
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна
Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 777 прекршоци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).
Министерството и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Новите мерки против ширење на ковид-19
Владата на синочешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести со што, меѓу другото, се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот, а државната и јавна администрација да го организираат работењето од дома или во смени.