Филипче со осуда за постапката на Богдановиќ
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека кога властите бараат од граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, тогаш функционерите треба да бидат првите кои што ќе го направат тоа со сопствен пример. Тој овој коментар го даде поради објавата дека градоначалникот на скопската општина Центар Саша Богдановиќ викендов направил свадбена веселба во Косово.
“Не е работата да се направи трик на системот. Точно е дека не се прекршени препораките и законите во нашата земја, меѓутоа ние сме првите, посебно функционерите коишто треба да покажеме на граѓаните како се почитуваат мерките, посебно што и од граѓаните го бараме сето тоа и кажуваме дека имаме проблем и со пациенти и со новодијагностицирани во болници токму таму кај што не се почитуваат мерките. Апсолутно го осудувам“, изјави министерот за здравство Филипче.
Тој на новинарското прашање за новиот таканаречен без заем од Светска банка од 34 миоони долари изјави дека парите ќе се трошат за поставување на мобилните 16 мини КОВИД одделенија до сите болници, каде што е идентификувана потреба, како и за опремување со медицинска опрема на секој од овие КОВИД центри со мобилен рендген апарат, ЕХО-апарати и за соодветен број на тестови.
„Ќе се обезбедат и лекови за цела 2021 година, сите лекови, кои сега ги имаме преку Студијата од СЗО, помошта од Јапонија, понатаму сите лекови коишто се даваат за овие најтешки пациенти, но и за соодветен број тестови за територијата на цела држава, а сума на пари ќе оди за поддршка за ФЗОМ и ќе се дистрибуира еднакво до сите јавно здравствени установи“ изјави Филипче