Времето денеска сончево со умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови, каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а в долж Повардарието повремео засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до 12 степени, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне 19 степени.
Следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во благ пораст.