Нобеловата награда за литература за поетесата од САД, Луиз Глик
Шведската Академија во Стокхом годинешната награда за литература ѝ ја додели на американската поетеса Луиз Глик.
„Годинешната добитничка на Нобеловата награда за литература ја краси непогрешлив поетски глас кој со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“, соопшти Шведската академија за книжевност, а претставник на Академијата додаде дека поетесата била изненадена кога го добила нивниот телефонски повик.
Глик е родена во 1943 година во Њујорк, и покрај тоа што се занимава со пишување, таа е и професор по англиски јазик на Универзитетот Јеил. Таа е четврта жена, а прва Американка, која ја освоила престижната крижевна награда во последнава деценија.
Нобеловата награда за мир за Светската програма за храна на ОН
Глик освои Пулицерова награда во 1993 година за нејзината збирка „Дивиот ирис“ и Национална награда за книга во 2014 година. Нобеловата награда официјално ќе ѝ биде врачена во Стокхолм на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел, според кого е именувана наградата.