Продолжуваат борбите во Нагорно Карабах
Тешките судири околу отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах траат веќе неколку дена, претставувајќи ризик да бидат вовлечени Русија и Турција во време на растечките меѓународни повици за итно прекинување на насилството. Двете страни ги потврдија нападите на 30 септември во неколку насоки по линијата што ги дели, со борби кои се шират надвор од границите на енклавата и се закануваат да прераснат во тотална војна меѓу поранешните советски републики. Судирите повторно ја зголемија загриженоста за стабилноста на Јужен Кавказ, коридор за цевководи што превезуваат нафта и гас на светските пазари.
Советот за безбедност на ОН повика да престанат борбите околу Нагорно-Карабах
Борбите исто така може да ја вовлечат и Русија, членка на безбедносниот сојуз со Ерменија, како и регионалната сила Турција, која соопшти дека ќе го поддржи Азербејџан со „сите достапни средства“ во конфликтот. Со десетици убиени и голем број повредени, борбите прераснаа во едни од најлошите забележани од договорот за прекин на огнот во 1994 година.