Германија утре ќе одлучува за туристичките патувања
Германската влада утре ќе одлучува за планот да се укине предупредувањето за туристичко патување во 31 европска земја од 15 јуни. Македонија и другите од Западниот Балкан не се опфатени со планот. Владиниот предлог-документ ги опфаќа сите 26 земји-членки на ЕУ, плус Велика Британија, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Во него се наведува дека одлуката за укинување на патничките ограничувања треба да се донесе доколку развојот на ситуацијата тоа го дозволува.
Германија ги укинува ограничувањата за туристички патувања?
На 17 март годинава, шефот на германската дипломатија Хајко Мас прогласи глобално предупредување за патување во период кога во земјата и светот се воведоа засилени мерки за спречување на ширењето на болеста. Повлекувањето на патничките ограничувања се случува во пресрет на туристичката сезона и со него ќе се овозможи патување за летните одмори во рамките на Европа. Со планот засега не се опфатени државите од Западниот Балкан и Турција.