123ru.net
World News in Macedonian
Май
2020

Новости за 29.05.2020

Трамп: Кина ја задушува слободата на Хонгконг

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД Доналд Трамп ја обвини Кина за „задушување“ на слободата на Хонгконг и објави серија на американски одговори против Пекинг во време на зголемени тензии меѓу двете сили.  Зборувајќи на прес конференцијата во Белата куќа денеска Трамп рече дека и наредил на неговата администрација да почне со отстранување на специјалниот трговски статус со Хонгконг по американските закони бидејќи Кина воспостави безбедносен закон со кој територијата повеќе не е автономна. Потегот следува откако... Читать дальше...

Опозицијата во Шведска бара комисија за испитување на владиниот одговор на коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Двете најголеми шведски опозициски партии денеска побараа независна комисија која ќе го испитува шведскиот одговор на новиот коронавирус.  Конзервативната Умерена партија и популистичката Шведски демократи бараат комисијата да почне со работа пред летото. Шведскиот премиер Стефан Ловен, социјалдемократ, веднаш даде поддршка за формирањето на комисијата, но рече дека ќе ја назначи откако ќе заврши пандемијата.  Како што јавува Агенцијата Франс Прес во земјата постои големо политичко единство за... Читать дальше...

Во напад врз воен контролен пункт во Авганистан загинаа 14 војници

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанските милитанти нападнале контролна точка на војската во источен Авганистан, а во нападот загинале најмалку 14 војници, јавуваат агенциите. Ова е последен од серијата напади кои следуваат по прекинот на огнот прогласен за време на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.  Министерството за одбрана денеска соопшти дека во ноќниот напад во провинцијата Пактиа загинале 14 луѓе, а локалните власти тврдат дека меѓу загинатите има и 20 талибански милитанти.  Талибанците ја презедоа одговорнoста за... Читать дальше...



Телефонски разговор Пендаровски- Франциск

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, при што изрази жалење затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 не се реализираше неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и не беше остварена средбата со Неговата Светост. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, во телефонскиот разговор биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу земјава и Ватикан... Читать дальше...

Политичко-здравствен микс – Коронавирус и избори

SlobodnaEvropa.mk 

Преговорите за датум за одржување на предвремените избори станаа главна политичка тема во земјава во време на пандемијата на коронавирус. Сега се калкулира и со здравствените и политичките аспекти на кризата.

ОТА - невистинити се тврдењата на министерот Чулев

SlobodnaEvropa.mk 

Оперативно-техничката агенција целосно ги отфрла како невистинити информациите за непримена на одредбите од Законот за Оперативно-техничка агенција, кои беа изнесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. „ОТА, во согласност со своите законски надлежности утврдени во членовите 2 и 3 од Законот за ОТА, дејствувајќи како посреднички орган обезбедува технички премин и врска меѓу операторите и овластените органи заради спроведување на следењето на комуникациите врз основа на судска наредба во... Читать дальше...

Пукањето во близина на Киев поврзано со корупција

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков денеска наведе дека пукањето во градот Бровари, кој се наоѓа во близина на главниот град Киев, е поврзано со корупција кај локалните и регионалните власти. На социјалната мрежа Твитер, Аваков напиша дека се приведени десет луѓе, а уште се очекува да бидат уапсени за вклученост во пукањето кое се случи денеска.  "Пукотниците утрово во Бровари се ехо на корупцијата„, напиша Аваков. Преходно неговиот заменик Антон Херашенко на Фејсбук напиша... Читать дальше...

Курти: одлуката на Уставниот суд е неприфатлива

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер Албин Курти денеска ја оцени како нефер и неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово со која се дозволува со претседателски декрет да се назначи нов премиер кој ќе го замени него. На својот профил на социјалната мрежа Фејсбук Курти напиша дека со поддржувањето на одлуката на претседателот Хашим Тачи судот се ставила на „страната на оние кои ја заробиле државата“. Претходно Тачи Косовскиот ја поздрави одлуката на Уставниот... Читать дальше...



Меѓупартиски обвинувања за ширењето на коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук наведе дека бројките на новозаболени лица со коронавирусот деновиве се „директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски“. „Јавноста во бројни наврати беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо. Читать дальше...

Твитер прекри со предупредување пост на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Социјалната мрежа Твитер го прекри постот на американскиот претседател Доналд Трамп поврзан со немирите во американскиот град Минеаполис, наведувајќи дека твитот ги нарушува правилата, но не го отстрани.  На овој денешен потег се гледа како на ескалацација на несогласувањаата меѓу Твитер и Трамп и следува ден откако претседателот потпиша извршна уредба со која се намалува слободата на социјалните мрежи во уредувањето на содржините.  Во твитот Трамп наведува дека војската била пратена во Минеаполис... Читать дальше...

Чулев бара истрага за Агенцијата за национална безбедност

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, до Основното јавно обвинителство доставил поднесок со кој бара да се спроведе истрага во Агенцијата за национална безбедност дали е целосно елиминирана техничката можност од евентуален увид во кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи. Чулев: АНБ незаконски се уште може технички да прислушува АНБ ги демантира тврдењата на Чулев за можно незаконско прислушување „Во насока на целосно информирање и запознавање... Читать дальше...

Филипче: семејство на починат, заразен со Ковид, одбива контакти со епидемиолозите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека епидемиолозите имаат проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погреб, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19. Министерот рече дека многу е тешко да се пристапи и до семејството кое што апсолутно одбило да контактира и комуникација со епидемиолозите, како за организацијата на чинот на погребот од кои им било кажано дека починатиот е позитивен, така и во однос на... Читать дальше...

Вучиќ: Срамно е да се зборува како Црна Гора ја претстави Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во денешното обраќање до јавноста, зборувајќи за затворањето на црногорските граници за граѓаните на Србија, рече дека е „бесмислено и срамно да се зборува за тоа како тие ја претставиле епидемиолошата ситуација во Србија“. „Ги казнувате оние кои чесно зборуваат за бројот на заразени? Најдобро е да тестираме сто луѓе, па да немаме ниеден заболен. Ние тестираме по неколку илјади луѓе дневно, а не 30. Се гордееме со тоа деа ги откриваме заразените“, рече Вучиќ. Читать дальше...

Вонредна состојба во неколку руски региони поради пожари

SlobodnaEvropa.mk 

Во рускиот Транс-Бајкалскиот регион, како и во областите околу Иркутск, Тува и во Какасијскиот регион е прогласена вонредна состојба поради ширењето на големите пожари во Русија. Повеќе од 34 шумски пожари се активни во Русија од полноќ, а противпожарните служби прават се за да ги изгасат, соопштија надлежните. Поголемиот дел од пожарите се во Красоарскиот регион, каде што се уништени скоро 5.400 хектари шума. Против огнената стихија се борат 1.700 пожарникари и 234 опремени единици. Во последните 24 часа тие успеаја да го изгасат огнот на 3.

Ќе има рестрикции во места каде ќе расте бројот на заразени

SlobodnaEvropa.mk 

Јасно порачувам дека ќе воведеме рестрикции на таргетирани места во согласност на бројот на заболени. Мерките ќе се спроведат доколку наредните денови се зголеми бројот на заразени, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција. Тој напомена дека дел од граѓаните на кои се вршеле анкетите не давале точни информации и нема соработка со здравствените работници. Коронавирус: Оздравени 30, новозаразени 52 и четворица починати „Бројките се единечна варијација, во предвид... Читать дальше...

ОЈО бара казна од 10.000 евра за Цаца Билјановска

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Скопје денеска на Судот му предложил за обвинетата поранешна директорка на Клинката за дерматологија Нина Цаца Билјановска да биде казнета со 10.000 евра, обвинета за пренесување заразна болест, да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност. Според обвинението, таа на 29 февруари се вратила во државава од регион во Република Италија преку граничниот премин Табановце. Читать дальше...

Еврообврзница за менаџирање на кризата, но и тоа не е доволно

SlobodnaEvropa.mk 

Еврообврзницата од 700 милиони евра е земена за враќање на постоечките долгови, но и под принуда на епидемијата на короновирусот, сметаат експертите кои предупредуваат дека парите треба да бидат употребени ефикасно за во иднина стапката на БДП да биде поголема од каматната стапка на позајмените пари. За последното задолжување опозицијата критикува дека е направено ненавремено и поради тоа е со повисока камата.

Новозаразени 52, четворица починати и 30 оздравени

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 30 оздравени пациенти -  Во Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1, четворица починати и 52 новозаразени од коронавирус. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај. Читать дальше...

Во Грција од 15 јуни без тестирање

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави МИА од Атина. За влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор. Отворени граници за „меур туристи“ Од министерството за туризам на Грција соопштуваат дека конкретната листа била направена откако бил проучен епидемиолошкиот профил на земјите од каде потекнуваат туристите, биле земени... Читать дальше...


Музыкальные новости
Сергей Шнуров

Кормухина объяснила, почему не считает Шнурова музыкантом





Персональные новости
Олимпиада

Олимпиада по финансовой грамотности МГУ проходит при поддержке СберСтрахования жизни





Тестови и „туристички меури“ за спас на туризмот

SlobodnaEvropa.mk 

Европските земји со ниски стапки на Ковид-19, сега пробуваат нови мерки за безбедност кога се отвораат за туризам. Некои го ограничуваат патувањето во регионален „ туристички меур“, други прават тестови по случаен избор, а една држава дури и нуди да им плати трошоци на туристите ако се заразат.

Истрага за капетанот на урнатиот пакистански авион

SlobodnaEvropa.mk 

Капетанот на пакистанскиот авион, во кој загинаа 67 патници и членови на екипажот, се приближил до аеродромот во Карачи и не јавил дека има проблем со контролирањето на командата за слетување, па трипати удрил во пистата, изјави висок пакистански официјален претставник, пренесе АП. „Истражителите ја пронајдоа црната кутија со снимка од разговорот во пилотската кабина, од кој се дознава дека пилотот иако добил предупредување од контролата на летот сепак продолжил со маневри за слетување“, истакна портпарол на пакистанската авиокомпанија. Читать дальше...

Брнс: Прелетот е знак за поддршката за нашиот нов сојузник

SlobodnaEvropa.mk 

Прелетот на американските воени авиони денеска над Скопје е израз на нашата трајна поддршка за Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО, изјави американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнс, откако денеска, во знак на добредојде во НАТО, два воени авиони на САД, прелетаа над земјава. „Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО. САД навистина покажува... Читать дальше...

Рекорден дневен број на починати од Ковид-19 во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Во Русија во последните 24 часа од коронавирус починале 232 луѓе и тоа е најголем број забележан досега. Со ова, вкупниот број на починати достигна 4.374 луѓе, соопшти Оперативниот штаб за борба против ширење на вирусот. За време на изминатите денови 76 луѓе починале во Москва, 50 во Дагестан, 20 во Подмосковље и 11 во Санкт Петербург. Претходниот ден бројот на заболени од вирусот во Русија се зголемил за 8.872 во 84 региони, вкупно 387.623 во 85 региони. Од тој број кај 3.380 пациенти немало клинички симптоми на болеста.

Адеми: Ако има иста ситуација, можеби ќе има исти мерки и во септември

SlobodnaEvropa.mk 

Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи, изјави министерот за образование, Арбер Адеми на прашање како ќе се постапи доколку во септември има нов бран на коронавирусот со исти или полоши услови. Тој во интервју за МИА вели дека учебната 2019/2020 година ќе заврши со онлајн-настава согласно со одлуката на Владата учениците да не се... Читать дальше...

Во САД расте невработеноста поради пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Пандемијата со коронавирусот, односно мерките за нејзино спречување, носи се поголеми економски штети во Соединетите држави. Повеќе од два милиона Американци само во минатата недела поднесоа барање за бенефиции поради тоа што остана без работа.

Спорт в России и мире
Москва

Олимпиада по финансовой грамотности МГУ проходит при поддержке СберСтрахования жизни


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Мирра Андреева замыкает год // 16-летняя российская теннисистка успешно стартовала на крупном турнире WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Мокрый фасад: как сделать отделку по технологии СФТК





Путин в России и мире
Москва

Киркоров и Пелагея спели для амурчан-бамовцев в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

VII Всебелорусское народное собрание: основные заявления Александра Лукашенко




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

В РПЦ отказались называть причины запрета в служении иерея Сафронова, отпевавшего Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт в честь Сергея Рахманинова прошел в Воскресенске



Москва

Якутский фильм "Карина" выйдет с 25 апреля в российский прокат

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net