Бектеши: Уредбата за платежните картички до крајот на неделава
Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска соопшти дека најдоцна до петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки.
„Во текот на денов или најдоцна утре ќе се донесе уредбата за платежните картички, а се подготвува и уредбата за издавањето на ваучерите која до крајот на неделата, најдоцна во почеток на идната, ќе биде предложиме и до Владата. Подготвени сме да ги донесеме пред завршување на вонредната состојба во сабота, најкасно до петок, имајќи предвид дека институциите беа експедитивни“, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која информираше дека се одземени концесии за минерални суровини во струшкото село Лабуништа.
Најавен трет сет мерки, нејасни ефектите од првите два
Бектеши рече дека во почетокот на наредната недела сите граѓани ќе бидат информирани како ќе добиваат државна помош.