Костадинов: Од Мицкоски гледаме само политичко профитерство
Однесувањето на Христијан Мицкоски во време на сериозна здравствена криза е однесување на несериозен, незрел политичар, политички профитер врз здравјето на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Лажеше Мицкоски дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше по Водно“, изјави Костадинов.
Портпаролот на СДСМ вели дека „откако на Мицкоски не му успеале обидите за создавање неоснована паника во јавноста и режимските постапки на Наќе Чулев, сега правел сè за да нема избори и државата да ја заглави во неизвесност и криза“.
„Тоа не е ништо освен срамно политичко профитерство од страна на незрелиот и неодговорен Мицкоски“, рече Костадинов.