Унгарија ги отвори границите со Србија
Унгарија ги отвори границите за српските државјани, објави денеска министерот за надворешни работи на таа земја, Питер Сијарто на граничниот премин Решка, по средбата со министерката за европски интеграции на Србија, Јадранка Јоксимовиќ.
Како што објави Радиотелевизија Србија (РТС), граѓаните на Србија можат да влезат во Унгарија од денеска од 10 часот на сите девет гранични премини, без тест за Ковид-19 и без задолжителен карантин од 14 дена.
Сијарто рече дека Србија е прва земја надвор од Европската унија со која Унгарија ги отвори своите граници.
Во Србија од 1 јуни само со негативен тест и потврда од амбасада