Чиле воведува задолжителен карантин за милиони луѓе
Чилеанскиот министер за здравство, Хаиме Маналик, соопшти дека ќе биде воведен задолжителен карантин на целата зона на главниот град на Чиле, Сантијаго, каде живеат 6,5 милиони луѓе, јави Ројтерс.
„Битката за Сантијаго е клучна во војната против коронавирусот“, изјави министерот за здравство Хаиме Маналик, најавувајќи ги рестриктивните мерки, и додаде дека задолжителен карантин се воведува и за сите постари од 75 години во целата држава.
Ефикасен систем за следење може да спречи втор бран на Ковид-19
Потегот на чилеанските власти следи откако беа регистрирани 2.660 позитивни случаи во последните 24 часа, што е за 60 проценти повеќе од претходниот ден, со што вкупниот број на заразени достигна 34.381 лица. Чиле во моментов е на третото место во Јужна Америка во однос на бројот на заразени лица, а во земјата починале 346 заболени.