ДПК ќе го исклучи секој член кој ќе гласа за новата косовска Влада
Пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово (ДПК), Абељард Тахири, вели дека никој од неговите партиски колеги нема да гласа за новата влада која може да ја формира коалицијата предводена од Демократскиот сојуз на Косово и нивниот кандидат за премиер Авдулах Хоти, јави МИА од Приштина.
Тахири во емисијата „Интерактив“ на КТВ ја пренесе пораката на партискиот лидер Кадри Весели и одлуката на Претседателството на ПДК дека тој што ќе гласа за новата влада на Хоти ќе биде исклучен од партијата.
Самоопределување го оспори мандатот на Хоти за нов премиер
„Кај нас е јасна работата, статутот е јасен, секој пратеник кој гласа спротивно на ПДК не може да биде веќе дел од нашата пратеничка група, а ние имаме јасна одлука во никакви околности да не гласаме за владата на Хоти“, изјави Тахири.