Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2020

Пандемијата - можност за ново еколошко секојдневие

0
Пандемијата - можност за ново еколошко секојдневие

Вонредната состојба од коронавирусот да се искористи за да се воведат нови практики и секојдневие, предлагаат граѓански здруженија. Тие нудат нивни предлози за имплементација со смирување на состојбата со коронавирусот.

Пандемијата од коронавирусот наложи полициски час, затворање на бизниси, односно „паузирање“ на секојдневието. Но, властите во Македонија и низ светот веќе се подготвуваат за олеснување на мерките и одново функционирање. Граѓански здруженија апелираат дека ова е шанса да се воведат нови практики за поздрав живот и околина.

„Кризата со коронавирусот претставува шанса да се воведат нови политики и иновации во секојдневниот живот на граѓаните. Не смееме да се вратиме во претходната „нормала“ која значеше илјадници смртни случaи годишно заради аерозагадување“, велат од здружението „Скопје Смог Аларм“, кои предлагаат секоја среда да е ден без автомобили, а секој петок да се работи од дома.

 

Нивните предлози ги влечат од туѓи примери, односно градови низ светот веќе започнаа да прават планови за „зелени“ решенија на сообраќај и функционирање.

„На пример, Милано, вториот најголем град во Италија и еден од најпогодените со ковид-19 кризата, воведува амбициозни планови за ослободување на дел од сообраќајниците и нивна пренамена за велосипедисти и пешаци со цел да се намали аерозагадувањето и да се овозможи соодветно движење и социјално дистанцирање на граѓаните. Првичните информации потврдуваат дека таканаречените hot-spots на случаи со ковид-19 низ светот се совпаѓаат со најзагадените подрачја“, изјавија од „Скопје Смог Аларм“.

Според нив, со изготвување на политики и одлуки за еден ден во неделата да е ден без автомобили би се понудиле алтернативни методи за транспорт, како подобар јавен превоз и подобрена вело и пешачка инфраструктура. Дополнително, со воведување на работа од дома „ќе се намали потребата од користење автомобили, работниците би биле попродуктивни и би се подобрил квалитетот на живот на граѓаните“.

Предлогот на „Скопје Смог Аларм“ е инспириран од иницијативите на здружението „НаТочак“. Тие веќе водат еден вид кампања на социјалните мрежи за да се создаде, како што велат тие, таканаречен простор анти корона. Според нив, овој простор не се однесува на периодот по смирувањето на пандемијата, туку на периодот „сега и одма“.

 

„Имаме многу мал прозорец на делување од неколку недели (максимум неколку месеци) во кој мора да се подготвиме за следниот бран. Во Скопје јавен превоз користат барем 1/3 од граѓаните и знаеме колку се полни автобусите во шпицевите. Откако ќе се отвори администацијата, бизнисите, школите, доколку градот не може да го дуплира бројот на автобуси за луѓето да држат дистанца, јавниот превоз може да стане ново жариште на пандемијата. Затоа големите градови за кои секојдневно споделуваме на нашиот профил се грижат да обезбедат дополнителена инфраструктура за велосипеди, со цел дел од луѓето кои користат јавен превоз да се префрлат на велосипед. Од истражувањата на Брисел, голем дел од граѓаните се изјасниле дека би се префрлиле на велосипед доколку градот обезбеди повеќе велосипедска инфраструктура. И тие тоа го прават. Во Брисел, Париз, Милано, Рим, Манчестер, Окланд, Богота, Мексико, Лима итн“, велат од „НаТочак“.

Од „Скопје Смог Аларм“ сметаат дека имплементацијата треба да ја води Град Скопје со министерствата за внатрешни работи и животна средина, како и Владата со мерките за стиумилирање за работа од дома.

Од град Скопје велат тешко е да се затвораат сообраќајници

„Конкретно за мерката за затворање на сообраќајници и промена на нивната намена за користење на велосипеди, законските надлежности укажуваат дека единиците на локалната самоуправа имаат надлежност да затвораат и менуваат намена само за сообраќајници кои се во нивна надлежност. По нашите сообраќајници (во надлежност на Градот Скопје), кои се магистрални улици и булевари, се организира и спроведува јавниот сообраќаен превоз и било какво привремено затворање на улиците ќе предизвика дополнителни промени во возниот ред во јавниот превоз. Дури и краткотрајни затворање на сообраќајниците кои се во наша надлежност за вакви симболични мерки, ќе придизвика дополнителни потешкотии за организирањето на јавниот превоз и корисниците на јавниот превоз. Од тие причини, сметаме дека вакви проекти и активности во Скопје е посоодветно да се организираат и спроведуваат на помалите улици кои што се во надлежност на општините“, велат градските служби, додавајќи дека во блиска иднина ќе презентираат нови мерки и стратегии за ослободување на велосипедските и пешачките патеки.

Оттаму потсетуваат дека изминативе години е изградено и реконструирано повеќе од 30 километри велосипедска патека. Дополнително, велат оттаму, изградените се „велосипедски патеки на локации каде тоа се прави на сметка на автомобилскиот сообраќај, каде истата се изведува на самите коловозни ленти и истите се ограничени со столбчиња“.






Загрузка...


Губернаторы России
Москва

Собянин сообщил о планах благоустройства на северо-востоке Москвы


Спорт в России и мире
Москва

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Свёнтек прошла в полуфинал турнира WTA-1000 в Риме


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Сенатор Святенко: поддержка фермеров играет важную роль в устойчивости экономики





Путин в России и мире
Москва

Владимир Путин назначил врио губернаторов некоторых регионов страны


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Шарий: госсекретарь США Блинкен приехал в Киев из-за наступления ВС РФ


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Елена Волкова

Дмитрий Бикбаев готовит премьеру театрального проекта, основанного на личных переживаниях



Москва

Тороп травмировался после столкновения головами с Алипом. Вратаря ЦСКА увезли с поля, 19-летний Шайхутдинов вышел вместо него

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net