Ирак има нова Влада на чело со поранешниот прв разузнавач
Ирак ја доби новата влада што ќе ја предводи Мустафа ал-Кадими, поранешниот прв човек на разузнавачката служба, пренесе АП. Ирачкиот Парламент рано утринава го потврди именувањето на новата влада, бидејќи партиите до последен момент се бореа за добивање на соодветните ресори.
Пратениците ги прифатија имињата на 15 министри, отфрлија петмина, а гласањето за кандидатите за министри за нафта и за надворешни работи е одложено, бидејќи не беше постигнат договор за носителите на функциите. Според ирачкиот Устав, владата може да се формира доколку Парламентот одобри повеќе од половината предложени министри.