ЕК: Негативен раст на македонската економија поради пандемијата
Фрек Јанмат, шеф на Економскиот оддел при Делегацијата на Европската комисија во земјава, презентирајќи го извештајот за економските прогнози на ЕК за Северна Македонија, изјави дека, според извештајот, по забрзувањето на економскиот раст во 2019, економските изгледи значително се влошија како резултат на пандемијата со Ковид-19.
Кога ќе бидат отворени кафеаните и градинките?
Над 19.000 фирми побарале помош-плата од 14.500 денари
„Владата на Северна Македонија презеде мерки за справување со последиците од Ковид-19, слични на оние што ги презедоа земјите-членки на ЕУ со цел да и овозможува на економијата ликвидност, задржување на работни места и намалување на ризикот од банкрот на компаниите. Растот на економијата беше 3,6 проценти во 2019 година, но пандемијата предизвика масовно затворање на економијата, прекини во трговијата и сето тоа доведе до проекции со кои предвидуваме негативен раст од 3,9 проценти“, рече Јанмат, презентирајќи ги прогнозите на ЕК.
Според извештајот, последиците врз економијата ќе зависат од времетраењето на корона-кризата.