44 оздравени, починати 2 и 13 новозаразени со коронавирус
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2.
„Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмртно покажал присуство на вирусот. Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1“, соопшти МЗ.
Олабавување на мерките за коронавирусот - прерано или пребавно?
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539 , бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394. Направените 292 теста се преку: ИЈЗ –170, Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –10, Биотек -30, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -12 и МАНУ -24. Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид-19.