17 приведени за прекршување на полицискиот час
Изминатото деноноќие, на тероторија на целата држава, вкупно 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што 17 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Според статистиката на МВР, за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.