Времето облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура се движи од 6 до 12, а дневната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен.