Мицкоски на средба со Палмер- за ВМРО-ДПМНЕ клучни се НАТО, ЕУ и односите со САД
Како што соопштија од ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски му пренел на Палмер ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно- политички план и се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со САД.
Шефот на опозицијата пред американскиот дипломат потенцирал “дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Република Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат’.
“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека неодговорно и антидемократски е што власта се одлучи на чекор да заобиколи компромис и одби да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање, кое треба да биде производ на општ консензус, а не едностран акт на парламентарното мнозинство. Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси, а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за вака едно чувствително прашање” соопштија од ВМРО- ДПМНЕ.
Во соопштението од партијата додаваат и дека соговорниците се согласиле дека процесот на евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.
