Онодера: САД и Јапонија мора да бидат воздржани кон Северна Кореја
„Северна Кореја уште мора да покаже конкретни чекори кон денуклеаризација“, изјави Онодера пред состанокот во Токио со првиот човек на американската Индо-пацифичка команда.
Претходно, неименуван претставник на јапонската Влада најави дека Јапонија одлучила да ги стопира воените вежби кои беа дел од подготовката за евентуален ракетен напад од Северна Кореја.
