Уапсени четворица граѓански активисти во Владивосток
Полицијата во рускиот град Владивосток го прекина основачкиот собир на регионалниот огранок на граѓанските групи основани од политичкиот непријател на Кремљ, Михаил Ходорковски, и при тоа уапси неколку активисти, соопшти движењето Отворена Русија.
На својот Фејсбук профил, Отворена Русија објави дека полицијата употребила сила и ги притворила активистите Андреј Пивоваров, Наталија Грјазневич, Андреј Јаротски и Марија Зинченко, како и координаторот на регионалната канцеларија на опозицискиот политичар Алексеј Навални во Владивосток, Владимир Дубовски.
Официјално не беше соопштена причината за апсењето, ниту со каква казна се соочуваат уапсените активисти.