Царовска не успеа да ги убеди жителите на Тимјаник да дозволат Дом за деца со попреченост
„Не сме против мал групен дом, но местото е несоодветно. Не е вистина дека не ги сакаме лицата со попреченост. Но, на ова место според нашите сознанијатребаше да има градинка. Во близина има откупен центар и училиште, нема двор, регионален пат е, не одговара за мал групен дом“, ѝ рекоа денеска жителите на селото Тимјаник на министерката Царовска.
„Вашите деца имаат дом, семејство, љубов. За разлика од нив, децата како тие во Заводот живеат во големи институции и потребно им е поголемо внимание, нега, љубов“, им рече министерката.
Закажана е и нова средба за решавање на ова прашање.
