Руски и американски генерали на состанок за безбедноста во Сирија и во Европа
Интерфакс денеска објави дека состанокот бил меѓу Валери Герасимов, началник на рускиот генералштаб и Џозеф Дунфорд, началник на здружената американска команда.
“Страните дискутираа за различни аспекти за кризата во Сирија, како и за билатерални прашања и превенција на инциденти”. Тие ја забележаа важноста на стабилизацијата на состојбата во Сирија ", соопшти руското министерство.
Во него се наведува и дека се зборувало и за намалување на тензиите и осигурување на безбедноста во Европа.
