Трамп: Русија треба да се врати во Г7
Коментарот на Трамп даден денеска доаѓа пред тридневниот самит во Канада на кој се лидерите на индустриски најразвиените земји.
“Зошто имаме состанок без Русија? Треба да ја пуштат Русија внатре, оти треба да ја имаме таа земја на преговарачката маса” рече Трамп.
Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков одговори наведувајќи дека “Русија останува фокусирана на формати поинакви од Г7”. Тој претходно неделава рече дека релевантноста на групата опаднала во последниве години и дека други формати како Г 20, се поважни за нив. Во Г7 се Канада, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Британија.
