Австрија затвора неколку џамии, Курц бара и забрана за хиџабот во училиштата
Одлуката е донесена по спроведената истрага покрената откако во јавноста се појавија фотографии од една џамија во Австија, на која се прикажани момчиња облечени во воени униформи, кои поздравуваат во војнички стил и носат турски знамиња.
Курц, кој важи за жесток критичар на т.н. политички Ислам, предложи и закон за заштита на децата, со кој се забранува девојчиња да носат хиџаб во предучилишните установи и основите училишта.
