ДУИ: Назначувањето на Еленовски е наш предлог
Лазар Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македониј, се вели во соопштението.
До соопштението на ДУИ доаѓа откако назначување на Лазар Еленовски за специјален владин пратеник за НАТО-интеграции во Брисел предизвика реакциите во јавноста во врска со неговата политичка биографија, затоа што две години беше министер во владата на тогашниот премиер Никола Груевски, а потоа и нејзин амбасадор во Белгија
