Јункер ги предупреди босанските водачи против национализмот
Босна аплицираше за членство во ЕУ пред 18 месеци, но процесот на реформи заостанува поради политичките расправии меѓу лидерите на земјата. "Потребни се заеднички напори за една држава да стане членка", им рече Јункер на пратениците. "Кога има разлики, тоа води кон парализа, тоа доведува до доцнење" рече Јункер.
Шефот на извршната власт на ЕУ, кој е во посета на балканските земји, претходно денеска од босанските официјални претставници доби прашалник за подготвеноста на земјата за влез во блокот. Босанските официјални претставници велат дека се надеваат дека нивната земја ќе добие статус на кандидат за ЕУ подоцна оваа година.
