Заев: Не е неопходна промена на Уставот за името
„Во секој случај промената на Уставот не би значела конечна гаранција, бидејќи некоја следна влада во иднина би можела повторно да го промени Уставот“, вели Заев.
Тој истакнува дека предлогот Нова Македонија е неприфатлив, а за другите четири имиња Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија и Вардарска Македонија може да се преговара. Во врска со поддршката од опозицијата за евентуалниот договор со Грција, Заев посочува дека и во двете земји постои многу национализам, критицизам, луѓе и групи кои се против тоа.
