Добавить новость
123ru.net
World News
Декабрь
2020

Осуммина уапсени во анти-терористичка акција во Скопје и Куманово

0
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека вчера биле приведени осум лица во Скопје и Куманово за кривично дело „терористичка организација“. Во анти-терористиката акција бил направен и претрес и биле пронајдени воена опрема и оружје. Акцијата ја извел Секторот за борба против тероризам, во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство.


Полицијата соопшти дека против приведените Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21, ) Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21) од Куманово, веќе е поднесена кривична пријава. Во соопштението од МВР се наведува дека оваа акција е поврзана со апсењето на тројца повратници од војната во Сирија во август годинава кога беа уапсени Б.А. (28), В.А. (22) и Е.Љ. (25) од Куманово, осомничени за кривичните дела „терористичка организација“ и „тероризам“, кога беа пронајдени оружје и минско експлозивни средства.



Од МВР велат дека Б.Ф. учествувал и во паравоени формации надвор од територијата на Република Северна Македонија, како припадник на терористичка организација ИСИС во Сирија.



МВР: Разбиена ќелија на ИД во Северна Македонија


„Б.А. од Куманово создал терористичка организација, во која покрај претходно приведените В.А. и Е.Љ., членувале и лицата кои се приведени вчера, а врз идеолошката матрица на ИСИС за извршување на убиства и уништување на јавни објекти. За остварување на таа намера, членовите обезбедувале пари, набавувале воена опрема и оружје, а вршеле и пробни дејствија. За меѓусебна комуникација ја користеле платформата ВатсАп, каде се договарал транспортот на оружјето и другите дејствија“, изјави денеска помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Тони Ангеловски, во видео објавено од Министерството, заедно со фотографии од приведените.




Видео од приведувањето на осомничените, објавено од МВР, по спроведената анти-терористичка акција и претресот во Скопје и Куманово


Според помошник-министерот Ангеловски, оружјето и опремата биле најдени во месноста Менкова Колиба, за која на 31 август годинава кривично беа пријавени три лица, а количината и намената на откриеното укажувала дека се работи за повеќечлена терористичка организација. Според доказите, имало комуникација меѓу сите членови на терористичката организација.


 




Видео-изјава на помошник-министерот во МВР, Тони Ангеловски, објавена од Министерството, по полициската акција


МВР, во интерес на истрагата, не открива повеќе детали.


Оваа група, според полицијата, била поврзана со уапсените во полициската акција на 31 август годинава, а за чии членови МВР објави дека се рецидивисти односно повратници, лица кои претходно за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“ се правосилно осудени и издржале казна затвор.



Предизвиците по враќањето на терористички борци од странските боишта


За феноменот на рецидивистите, а кои директно влијаат врз македонското општество и неговото справување со него, Радио Слободна Европа на почетокот на ноември годинава, разговараше со Афродита Муслиу, координатор на истражувањето „Подобрување на разбирањето на феноменот на странските терористички борци (СТБ): Предизвици за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на повратниците и помагателите во Република Северна Македонија“.





Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net