Киев призна дека не може да докаже присуство на руска војска во Донбас
Киев во текот на трите години, колку што ја спроведува антитерористичката операција во Донбас, никако не можеше да докаже дека е присутна руска војска во регионот, изјави украинскиот заменик-министерот за времено окупирани територии и внатрешно раселени лица Георгиј Тука.
„Ние засега не можеме, и покрај сите настојувања, правно да докажеме присуство на регуларна руска војска во Донбас, изјави Тука за порталот „Апостроф“.
Руски превентивен удар ако Украина се реши за „хрватско сценарио“?
Тој нагласи дека тоа го потврдила и неодамнешната одлука на меѓународниот суд во Хаг. „Ние можеме во лутина и мака да искинеме и по сто вишиванки дневно, меѓутоа, тоа не е решение. Тоа се апсолутно емотивни работи“, нагласи украинскиот заменик-министер.
Тука исто така потврди дека Украина „правно не може да зборува за окупација на Донбас, затоа што таму нема руски органи на власта“.
Денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков уште еднаш изјави дека во Украина нема руски војници. Песков на тој начин ги коментираше изјавите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој зборуваше за потребата од повлекување на руските војници од просторите на Украина, пренесува „Взгљад“.
