Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Июнь
2017

Зошто знамето на Русија е токму онакво какво што е?

0

Официјално толкување на значењето на трите бои во руското знаме нема (или барем не е запишано во Уставот), затоа меѓу луѓето постојат различни објаснувања. Најпопуларната е поврзана со европската хералдика - според неа белата боја симболизира благородништвото и отвореност, сината верност и целомудрие, а црвената машкост, великодушност и љубов.

Постои и „географска“ верзија: но почетокот на 18 век руската држава била составена од три историски области: Голема Рус (западниот дел на денешна Русија), Белорусија (Белорусија) и Малорусија (дел од современа Украина). Секоја од овие области се симболизира од една боја: соодветно црвена, бела и сина, затоа царот Петар I (кој владеел во периодот од 1682 до 1725 година) ги користи токму овие бои.

Знаме за бродовите

Една од најважните задачи на Петар I е да создаде флота на Русија и да добие пристап до море - до почетокот на неговото владеење земјата немала таков излез.

Зошто Русите ја нарекуваат Москва „Третиот Рим“?

Како што пишува претседателот на хералдички совет на Русија, историчарот Георгиј Вилинбахов, уште пред создавањето на морнарицата, кога Петар пловел по реките на првите руски бродови, тој веќе користел бело-сино-црвено знаме.

Постои и верзија дека боите на знамето царот ги позајмил од Холандија - во тоа време таа е моќна поморска земја која Петар ја посетува за да се запознае со патишта на европските земји. Георгиј Вилинбахов сепак забележува дека младиот цар користи тробојка уште пред патувањето до Холандија и затоа доаѓа до заклучок дека Петар се ориентира токму по руските традиции. Од неговото управување наваму знамето станува знаме на руската флота - под него пловат комерцијалните бродови на Руската империја.

Една империја - две знамиња

Во времето потомците на Петар од династијата Романови во Русија се наметнува „двовластието“ на знамињата: едно е бело-сино-црвеното кое се сметало за комерцијално, а се користи и црно-жолто-бело знаме, т.н. „Грбово“ (сега луѓето го нарекуваат „царско“). Ова знаме е воспоставено за национално знаме од Александар II (владеел во 1855-1881 година): црната и жолтата боја се земени од грбот на Русија, на кој во тоа време има црн двоглав орел на златно поле, а белата боја е бојата на Ѓорѓи Победоносец, светиот заштитник на Русија.

Хералдмајсторот Владимир Медведев изјави за „Известија“ дека како резултат на тоа Руската империја нема единствено државнo знаме. Царевите често се разминуваат во мислењата - на пример Александар III (1881-1894 година) ја укинува одлуката на Александар II и започнува на свечени пригоди да го користи бело-сино-црвеното знаме, кое го нарекува „исклучително руско“. Често се користат и двете знамиња: на празници државните институции ги креваат „царските“, а за трговијата се користи бело-сино-црвеното.

Зошто Русија е толку голема?

Вилинбахов пишува дека особено значење руското трговско знаме стекнува во четриесеттите години од деветнаесеттиот век кога учесниците на пансловенскиот конгрес - претставници на словенските земји, кои се борат за независност – ја избираат белата, сината и црвената за свои бои. Овој потег ја симболизира блискоста со Русија и единството на словенските народи. Денес овие три бои можат да се видат на знамињата на многу земји, кои веќе добиле независност: Чешка, Словачка, Србија, Хрватска, Словенија.

Од црвено до национално знаме

По Октомвриската револуција во 1917 година двете знамиња од царско време се наоѓаат под забрана - тие се заменети со црвеното знаме со срп, чекан и ѕвезда – симболите на советската власт. А бело-сино-црвената тробојка ја користат емигрантите кои немаат топли чувства кон комунистите. Токму затоа на крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години од минатиот век тробојка станува симбол на демократските протести против советската власт која во тоа време ги живее последните години.

Во нова Русија од 1991 година бело-сино-црвеното знаме станува државно. На политички митинзи и до денес, сепак, може да се сретне како советското црвено знаме (под него излегуваат комунистите), така и црно-жолто-белото, царско знаме, (него користат монархисти и десните). Периодично пратениците од Либерално-демократската партија излегуваат со предлог „царското“ знаме да стане државно - аргументот им е дека под него Русија извојувала „брилијантни победи“, но нивите иницијативи не се крунисани со успех. Како што забележува хералдмајсторот Владимир Медведев, бело-сино-црвеното знаме одамна е прифатено како официјално.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net