Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Май
2017

Руски ракети на брегот на Либија

0

Министерството за одбрана на РФ ги предупреди авионските компании дека од 24 до 27 мај бродовите на руската воена морнарица ќе вршат гаѓање со крстосувачки ракети во рамките на маневрите во близина на брегот на Либија.

Во соопштението се вели дека е неопходно да се ограничат летовите во радиус од 150 километри околу Триполи, односно во крајбрежниот појас на Либија.

Кои ракети ќе бидат тестирани?

Според информациите од руските медиуми, во Средоземното Море во овој момент се наоѓаат седум бродови на воената морнарица на РФ и подморницата „Краснодар“. Средоземната ескадра има две ракетни фрегати, голем десантен брод и брод за набљудување од средна големина. Останатите три брода се наменети за опслужување на „големите браќа“.

„Зоната на маневрите зависи од тоа кој ракетен систем ќе биде тестиран: крстосувачките ракети од типот Калибар, противбродските ракети ЗМ54 или ракетите Х-35 од бродскиот систем Уран“, вели за „Руска реч на македонски“ полковникот во резерва Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Циркон ќе ги „пензионира“ носачите на авиони на САД

Според него, поради безбедноста на европските и на северноамериканските бродови и авиони руската армија ќе блокира двократно поголема зона од радиусот во кој летаат ракетите.

„Дури кога ќе започне воената вежба ќе се дознае кои конкретни ракети ќе бидат тестирани и демонстрирани на Либијците. Засега овој податок е државна тајна. Ниту една земја не е обврзана однапред да ги стави на располагање податоците за вооружувањето што ќе го применува во својата воена вежба“, додава аналитичарот.

Сите маневри на руската флота ќе се одвиваат под надзор на набљудувачки авиони и бродови на НАТО.

„За време на воената вежба во зоната ќе дежураат набљудувачки авиони P-8 Poseidon и Boeing RC-135, како и набљудувачки бродови на НАТО кои се наоѓаат во Средоземното Море“, вели Мураховски.

Зошто руската флота оди во Либија?

Уште пред една година група бродови на чело со носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ запре во едно либиско пристаниште. Тогаш делегација со членови од највисокото воено раководство на Либија го посети носачот на авиони и ракетните крстосувачи.

„Целта на тогашниот и на сегашниот поход во Либија е демонстрација на можностите на нашата ескадра и запознавање со вооружувањето на нашите бродови. Така ние планираме да ја обновиме и да ја прошириме нашата воена соработка со Триполи“, вели за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

„Црната дупка“: по што е уникатна новата руска подморница

Според него, кон крајот на мај ќе биде изведена своевидна рекламна акција на нашата воена морнарица во вид на показно гаѓање специјално за либиските адмирали за воените експерти. „Маневрите се одржуваат со согласност на либиските власти. За време на гаѓањето на нашите бродови ќе се наоѓа нивна делегација. Нејзините членови ќе ги набљудуваат дејствијата на нашите морнари, а особено внимание ќе обрнат на можностите на нашето бродско ракетно оружје“, додава Сафонов.

Тој истакна дека покрај Либијците, руските бродови можат да ги посетат и претставници на воената морнарица на Египет. „Ракетното гаѓање ќе биде изведено во нивна близина, и затоа мислам дека тие исто така ќе бидат повикани на нашите бродови. Ние сега со Каиро имаме договор за испорака на ловци МиГ-29 и на бродски хеликоптери Ка-52К за носачи на хеликоптери Мистрал, така што нашето раководство е заинтересирано за проширување на оваа соработка“, заклучува Сафонов.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net