Екс-шеф на НСА и ЦИА го нарече Трамп „корисен идиот за Русите“
„Неколку дена пред изборите се обидував да ја сфатам чудната приврзаност на Доналд Трамп кон Владимир Путин. Тој беше оној, кого Путин и Русите го нарекуваат „корисен будала“, „корисен идиот“, изјави Хајден, пренесува „Взгљад“.
Путин: Луѓето кои го обвинуваат Трамп или се глупави, или се опасни
Поранешниот шеф на американското разузнавање истакна дека тој термин се користел во студената војна – така бил нарекуван човек кој бил контролиран од Русија и може да биде искористен во полза на Кремљ. Според зборовите на Хејден, токму терминот „корисен идиот“ сега останува мошне точен опис за Трамп.
Состојбата во САД тој ја споредува со ситуацијата во Никарагва – поради тоа што Трамп ги отпушти државниот обвинител и директорот на ФБИ, „кои отворено истапија од други политички позиции“.
Притоа Хејден изјави дека американските специјални служби сметаат со голема доза на веројатност дека Русија влијаела на кампањата во САД – не врз пребројувањето на гласовите, а имено врз текот на кампањата. Тој ја предупредува и Германија дека треба да се „плаши“ од мешање во изборите за Бундестагот во септември.
