Киев го условува обновувањето на авионските врски си враќање на Кубањ
Авионските врски помеѓу Украина и Русија можат да бидат обновени само доколку руската страна му ги врати на Киев Крим, истокот од Украина, а исто така и Кубањ и останатите „окупирани“ украински територии од страна на Русија. Ова го изјави министерот за инфраструктура на Украина Владимир Омељан во интервју за „РБК-Украина“. „Ќе ги обновиме авионските врски со Русија само по враќањето на Крим, на истокот од Украина, и, се надевам, на Кубањ“, изјави првиот човек на ресорното министерство, подвлекувајќи дека Киев исто така очекува враќање и на „други украински територии кои своевремено биле окупирани од страна на Русија“.
Ељченко: Русија го дестабилизира постоветскиот простор
Забраната за директни авионски врски помеѓу Украина и Русија беше воведена есента 2015 година. Тогаш Киев воведе санкции за најголемите руски авионски компании. Во списокот влегоа компании како што се „Аерофлот“, „Трансаеро“, „Јакутија“ и авиокомпанијата на групата ѕ7. Сите тие со чартер или со постојани линии летаа во Крим.