Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Експерт: ПАК ДА ќе дејствува од територијата на Русија

0

Првиот пробен примерок на авионот ПАК ДА ќе полета на почетокот на следната деценија. Авионот ќе биде направен во вид на „летачко крило“ (без стабилизатор на опашката и со кабина вградена во конструкцијата на крилото), и ќе лета со брзина помала од брзината на звукот (до 1.250 километри на час), што значи дека ќе биде значително побавен од Ту-160 кој денес претставува основен модел на стратешката авијација на Русија и чие место ќе го заземе ПАК ДА кога ќе биде воведен во експлоатација.

Поевтин, побезбеден и понедостижен

„Ту-160 е конструиран за продор низ непријателската противвоздушна одбрана. Поради тоа развива брзина поголема од звукот и има карактеристики кои му овозможуваат да влегува во стратосферата и да се крие од непријателските ловци-пресретнувачи и од противавионските ракети, а потоа сите бомби да ги исфрли на непријателската територија“, вели за „Руска реч на македонски“ професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Денес авијацијата ги поседува моќните ракети Х-555 и Х-101 чиј дострел изнесува 5.000 километри, така што повеќе не е неопходно стратешките бомбардери да имаат такви квалитети. Сега стратешкиот бомбардер може да си ја врши својата функција фактички од територијата на Русија, каде е под заштита на руската противвоздушна одбрана.

Како ќе изгледа новиот руски бомбардер

Оружјето ќе биде сместено внатре во авионот, а трупот ќе биде направен според стелт-технологијата од материјал кој ги апсорбира радиосигналите.

„За ловците Т-50 направени се ракети кои се сместуваат внатре во авионот и оттаму се насочуваат кон целта. Претходно тоа беше невозможно зашто ракетите мораа да висат на надворешните носачи од каде добиваа информации за целта и беа насочувани кон неа“, додава експертот.

Тој нагласува дека новите околности и карактеристики ќе овозможат авионот да биде помалку забележлив на непријателските радари.

Експертите сметаат дека ПАК ДА нема да има повеќе проектили од Ту-160 и од другите авиони на стратешката авијација на Русија (до 40 тони).

„ПАК ДА ќе може да ги носи сите видови автоматски и конвенционални бомби, вклучувајќи и касетни, бомби за пробивање на оклоп и бетон и други“, вели за „Руска реч на македонски“ Павел Булат, раководител на Меѓународната лабораторија за механика и за енергетски системи при Универзитетот за информациски технологии.

Зошто се оддолжи работата?

Работата на создавањето нов стратешки бомбардер започна во 2009 година. Договорот беше потпишан со корпорацијата „Тупољев“ чии авиони претставуваат основа на стратешката авијација на Русија.

На почетокот Министерството за одбрана на РФ сметаше дека новиот авион ќе влезе во експлоатација веќе во 2025 година, а дека тестирањата ќе бидат завршени до 2020 година. Но, подоцна се покажа дека проектот се одложува, така што военоиндустриските претпријатија го обновуваат сериското производство на модернизираната верзија на Ту-160.

„Американците, исто така, веќе 20 или 30 години прават бомбардери од новата генерација, но завршувањето на работата постојано се одложува зашто денес ниту тие, како и ние, немаат реална потреба од таков авион. Стариот американски В-52, како и нашиот Ту-160, ги решаваат сите задачи на нуклеарната тријада. Поради тоа никој не брза со создавање на нов стратешки бомбардери додека не дојде до голем технолошки напредок во производството на авиони“, смета Булат.

Tу-160 / AP

Експертите велат дека во блиска иднина не би требало да има воени конфликти во кои е неопходно учеството на стратешката авијација.

„Ние имаме 'луфта' за да направиме авион кој драстично ќе се разликува од сите претходни. Поради тоа и нашите и американските стручњаци без брзање работат на новиот авион“, заклучува Булат.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net