Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Напад на сириската авиобаза. Како ќе реагира Кремљ?

0

Тврдењата на некои експерти дека нападот врз авиобазата на сириската армија е „емоционална реакција“ на Трамп тешко дека одговараат на вистината. Премногу добро беше избрано времето за да се минимизира можноста за директен конфликт со Русија. Руските воени структури беа предупредени за ударот, што, пак, им овозможи на сириските сојузници да избегнат реални загуби со евакуација на воениот објект.

Сето ова е доказ за политичкиот карактер на акцијата, која добро се совпаѓа со посетата во САД на кинескиот претседател Си Ѓинпин. Освен тоа Трамп ја демонстрира пред целиот свет онаа решителност, која, во неговите зборови, е недостатокот на Обама. А, пак, Кремљ се покажа исправен пред избор како да реагира на еден директен акт на агресија против својот сојузник.

Три сценарија по американското ракетирање на Сирија

Првиот директен удар на САД по војници лојални на Ал Асад за целата граѓанска војна во Сирија целосно ќе го промени распоредот на силите во регионот. И ќе ги закопа успесите постигнати во периодот од година и половина откако Русите ја поддржуваат сириската владина армија. Фактички во Сирија започна војна „сите против сите“.

Истовремено во Кремљ секогаш се поаѓа од ставот дека стабилноста во регионот може да се обезбеди само преку враќањето на териториите окупирани од умерената и радикална опозиција под контрола на официјален Дамаск. Со оглед дека ракетниот напад ги поништи сите договори за сириската криза, сега Ал Асад може да ја засили борбата против сите групи кои се против него. Ослабена од петгодишната војна сириска владина армија сепак не е способна за тоа. А, привременото откажување од координирањето на активностите на западната коалиција во Ирак и руската армија во Сирија, кое очигледно ќе дојде како резултат од американската акција, сосема е можно да предизвика контранапад на „Исламска држава“. Освен тоа Дамаск ќе внимава на евентуални повторни, и овој пат поефикасни, удари од страна на САД. Со помош на руските средства за ПВО сепак владата на Ал Асад е целосно способна да ги минимизира последиците од ваквите напади, само што тоа би довело практично до отворена конфронтација помеѓу САД и Русија. Сценариото за сличен конфликт би потсетувало на виетнамското кога советските зенитчики соборуваа американски авиони.

Со оглед на тоа дека вистински докази за употреба на хемиско оружје од страна на Дамаск сè уште нема, Москва, во интерес на сојузникот, ќе апелира да се почитува меѓународното право, но тешко може да се надева на суштинска поддршка.

Хемиски напад во Сирија: кој е виновен и што понатаму?

Освен тоа отворената демонстрација на сила од страна на Вашингтон ќе ја зајакне довербата на неговите сојузници дека притисокот врз Ал Асад треба да продолжи, тој да биде соборен и да се создаде коалициска влада. Слично сценарио што би значело пораз за Москва, е невозможно за Кремљ. Затоа единствениот одговор на Русија може да е зголемување на поддршката за Дамаск и гарантирање на безбедноста на воздушниот простор над целата територија на Сирија. Сето ова сериозно ќе го доближи светот кон нов светски конфликт.

Во исто време одбивањето да се користат системите за ПВО во нападот на САД создава впечаток за своевиден „напад по договор“, што сведочи за неподготвеноста на Вашингтон и Москва сериозно да ги заострат односите. Сега, сепак, на Кремљ и на Дамаск им треба сериозен успех во борбата со исламските радикали и опозицијата, кој за возврат би ја покажал уште еднаш политичката издржливост на режимот на Ал Асад и подготвеноста на Кремљ да продолжи да го поддржува на сите фронтови.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net