Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Нападот во Санкт Петербург: Qui prodest?

0

Без разлика кој е сторител на нападот (разузнавањето на Киргистан претпоставува дека терористот има потекло од Бишкек), тој не ги носи вообичаените карактеристики на масакр, извршена од „волк-самотник“. Напротив, има типичните белези на претходно замислен и добро организиран терористички акт.

Какви се реакциите по терористичкиот напад во Санкт Петербург?

Очигледно целта (мирни граѓани), на скалата (бомбата е поставена во центарот на вагон, а експлозијата избувнува во тунел, за да има максимален број жртви), местото (родното место на претседателот Путин) и времето се избрани намерно, за да се предизвика ѕверски човечка трагедија и „експлозивно“ медиумско покривање.

Овие карактеристики на нападот можат да помогнат во потрагата по одговор на прашањето кое си го поставуваме од древните римски времиња: „Qui prodest?“ Во чија корист? Оние кои можат да имаат корист од овој нечовечки чин, се вклопуваат во краток список на осомничените.

Конвулзии на губитниците

Фундаменталистите од ИДИЛ се повлекуваат од Сирија. Постепеното напредување на неколку фронта на двете коалиции за борба против терористите во комбинација со големиот интерес на САД да ја управуваат кризата во нестабилниот Блиски Исток не му остава на бранителите на средновековниот калифат речиси никакви шанси да одолее на притисокот, да не зборуваме за целосен камбек.

Соочени со неизбежниот пораз, ИДИЛ прибегнува кон терористички напади, кои веќе ги потресоа и шокираа жителите на многу градови во Западна Европа. Русија исто така е на дофат на радарот на меѓународните терористи.

Од есента 2015 година Москва испорачува воена и дипломатска поддршка на законскиот режим на Башар ал Асад во Сирија, со тоа што се бори со граѓанската војна и со ИДИЛ, кои ја имаа окупирано речиси една третина од нејзината територија. Русија се покажа како ефикасен играч кој може да го смени текот на настаните во корист на антитерористичките сили.

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Чеченија

Неодамна, во март, ИДИЛ изврши самоубиствен напад врз базата на руската Национална гарда во Чеченија. Историјата на преминувањата на ИДИЛ во самата Русија е богата, иако повеќето од нив се или прекинати во зародиш или се спречени, според агенциите за безбедност.

Достапните податоци покажуваат дека има околу 9.000 борци во ИДИЛ родени или во Русија или во републиките од поранешниот СССР. Чувството дека исламистичкиот сон за преродба на калифатот исчезнува и стравот за сопствениот живот, некои од овие радикалисти ги врати во своите родни места.

Бидејќи овие закоравени борци не знаат ништо друго, освен уметноста да убиваат и да уриваат, тешко може да се очекува тие да започнат да живеат мирно и спокојно. Премногу е веројатно да продолжат да го прават она за што се обучени.

Сосема е веројатно нападот во Санкт Петербург да е по сценарио на џихадисти од ИДИЛ кои дошле дома за да се одмаздат за пропаднатиот живот.

Трансфузија на екстремисти од Украина

И покрај упорниот триумфиализам на ултранационалистите во Украина, кои успеаја да ја искачат Владата на Петро Порошенко, изгледите за раѓање на една стабилна земја, каква што беше Украина во времето на поранешниот претседател Јанукович, тешко се остварливи во догледна иднина.

Што се крие зад убиството на Вороненков?

Осознавајќи бавно дека работите се измешани, и оценувајќи ги неуспесите на бројните фронтови (успешното отфрлање на „промената на режимот“ во Киев од две самопрогласени републики во Донбас, брзата деиндустриализација на националната економија; навредливиот однос на ЕУ кон барањата за финансиска помош итн.), ултрадесничарската коалиција, вклучувајќи и ја неонацистичката партија „Слобода“, почнува да се чувствува немоќна и како резултат на тоа станува уште пожестока.

Со оглед на тоа што ултрадесните во Украина успеаја да привлечат и да ги сплотат и странски соработници, од кои некои се професионални платеници со воено искуство, не треба да се исклучува и можноста тие да сакаат да се насочат и кон оној кого го сметаат за виновник за сите неуспеси и наближувањето на поразот: Русија.






Загрузка...


Губернаторы России

Спорт в России и мире

Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса

Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net