Путин наведе три верзии за експлозиите во метрото во Петербург
Тој прецизираше дека не станува збор само за тероризам, туку и за социјална и криминална верзија, пренесува „Лента.ру“.
„Безбедносните органи и специјалните служби работат, ќе сторат сѐ за да ги откријат причините за она што се случи, да дадат целосна оцена за она што се случи“, истакна шефот на руската држава.
Експлозија во метро-станица во Санкт Петербург
„Веќе разговарав со раководителите на специјалните служби, со директорот на ФСБ“, изјави претседателот на Русија.
Според Путин, градските власти, а доколку има потреба и федералните, ќе ги преземат сите неопходни мерки за да им дадат поддршка на семејствата на загинатите и повредените. Тој исто така изрази и сочувство до нив.
Претседателот на Русија се наоѓа во Санкт Петербург за средба со белорускиот колега Александар Лукашенко.