Камерите го снимиле наводниот организатор на експлозијата во Петербург
„Видеокамерите го снимиле наводниот организатор на експлозиите“, изјави извор за „Интерфакс“.
Се истакнува дека, според непотврдените информации, експлозивната направа била оставена во вагон во актовка.
На 3 април во метрото во Санкт Петербург беше активирана експлозивна направа. Националниот антитерористички комитет на РФ соопшти дека загинале 9 и се ранети 20 лица. Околностите за настанот се разјаснуваат. Според претседателот на Русија Владимир Путин, се разгледуваат три верзии на настанот, пренесува RT.
Експлозија во метро-станица во Санкт Петербург