Иран покажа сопствена копија на рускиот тенк Т-90
Иран покажа видео од тестирањата и производството на новиот борбен тенк „Карар“, кој многумина стручњаци го сметаат за копија на рускиот Т-90СМ – најпознатата современа верзија на познатата платформа Т-90.
Новиот ирански тенк е опремен со дигитален систем за контрола на пукањето и низа други напредни модификации.
Од видеото може да се забележи работата на митралезот со далечинско управување и гаѓање на тенк со диригирана ракета, пренесува „Лента.ру“.
