Русија најголем инвеститор во Украина во 2016 година
Вкупно минатата година Киев добил 4,4 милијарди долари странски инвестиции, што е за 642 милиони повеќе во споредба со 2015 година (3,7 милијарди долари). Главни инвеститори во Украина, покрај Русија, се Кипар - 427,7 милиони долари, Велика Британија - 403,9 милиони, Холандија – 255 милиони и Австрија со 249,9 милиони долари, пренесува УНИАН.
Зошто Русија одбива давање финансиска помош на Украина?
Најзначителни инвестиции имало во установите и организациите кои вршат финансиска и осигурителна дејност - 2,8 милијарди долари, трговијата на големо и мало - 524,9 милиони долари, како и во индустријата – 475 милиони.
На 28 февруари членот на советот на Националната банка на Украина Василиј Фурман изјави дека Киев смета да добие уште една транша од Меѓународниот монетарен фонд. Според него, средствата од ММФ се позитивен сигнал за меѓународниот бизнис, пишува „Лента.ру“.