На интернет се појавија фотографии од руски специјалци во Сирија
Фотографии на кои се гледаат припадници на руските специјални сили во Сирија беа објавени на порталот defence.ru. во пресрет на Денот на Силите за специјални операции, кој се одбележува на 27 февруари.
На интернет се појавија фотографии со борци на Силите за специјални операции на ВС РФ во Сирија. Повеќе на линкот https://defence.ru/article/vezhlivie-lyudi-v-palmire-opublikovani-foto-sso-v-sirii/ …
Снимките веројатно се направени пред терористите повторно да ја заземат Палмира. На фотографиите се гледаат добро подготвени „учтиви луѓе“; вооружени со автомати „Калашников“ - AK-103, AK-105 и AK-74M, а користат и оклопно возило „Тигар“.